Достапни линкови

Авиосообраќајот се нормализира, штетите над 1,7 милијарди долари


Најпрометните европски аеродроми денеска се отворени за полетувања и слетувања, но целосна нормализација на авиосообраќајот се очекува за неколку недели, јавуваат агенциите во врска со неколкудневната забрана за летање поради облакот со пепел од вулканот на Исланд. Приоритет при патувањето имаат патниците со билети на денот на полетувањето. За време на забраната не беа остварени над 95 илјади летови. Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт соопшти дека тоја ја чинело авионската индустрија најмалку 1,7 милијарди долари. Овие загуби, според главниот извршен директор на Асоцијацијата Џовани Бисињани, биле поголеми од оние по терористичките напади врз Соединетите држави во сепетмври 2001 година.
XS
SM
MD
LG