Достапни линкови

Русија нема да бара заем од ММФ


Премиерот Владимир Путин денеска рече дека и покрај тоа што руската економија е „далеку од подобрена“, Русија успеала да ги избегне најлошите ефекти од светската економска криза. Русија треба да продолжи со спроведување на одговорна финансиска и економска политика со цел да го избегне ризикот од губење на финансиската независност со барање на заем од Меѓународниот монетарен фонд, рече премиерот во обраќање пред рускиот парламент. Земјата лани не побара заем од ММФ и покрај тоа што бруто домашниот производ падна за 7,9 проценти.
XS
SM
MD
LG