Достапни линкови

Вашингтон ја поддржува демократијата во Киргистан


Соединетите држави ќе работат со киргистанските лидери за развојот на демократија во таа земја. Ова е реакцијата на Стејт департментот по критиките дека официјален Вашингтон го поддржувал соборениот претседател Курманбек Бакиев. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјави дека Соединетите држави остануваат посветени на суверенитетот и територијалниот интегритет на Киргистан и оти ќе му помогнат во развојот на мирна и економски просперитетна демократија. Претходно, противниците на Бакиев го критикуваа Вашингтон дека ги игнорирал кршењата на човековите права спроведувани од соборениот лидер. Соединетите држави имаат воздухопловна база во Киргистан која ја користат за поддршка на воените операции во Авганистан.
XS
SM
MD
LG