Достапни линкови

Обама: Светот не може да ја чека Кина


Американскиот претседател Барак Обама рече дека светот не може да чека Кина да се посвети на справување со глобалното затоплување. Азиските гиганти до сега сакаа да им препуштат на развиените земји да се справуваат со овој проблем, рече денеска Обама во интервју за Австралиската телевизија. „Тоа што сакам да кажам е дека не можеме да и дозволиме на Кина да чека“ рече претседателот. Инаку, Кина и Соединетите американски држави се сметаат за најголеми емитери на гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG