Достапни линкови

logo-print

Забрането емитување музика во Сомалија


Исламистичките милитанти им забранија на радио станиците во Сомалија да емитуваат музика, тврдејки дека песните се „неисламски“. Забраната е последна од серија наредби од исламистите кои контролираат голем дел од земјата. Претходно тие забраниа мелодии за мобилни телфони и филмови. Последната забрана за емитување музика стапи на сила денеска. Само една радио станица во владина сопственост не ја почитува наредбата. Исламистите често ги напаѓаат оние кои не ги следат нивните наредби.
XS
SM
MD
LG