Достапни линкови

logo-print

Бакиев вели дека се уште е легитимен лидер на Киргистан


Ако моите противници сакаат да разговараат, тие треба да дојдат кај мене, рече денеска претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев. Во изјава за група новинари во селото Тејит, каде Бакиев избега за време на немирите во неговата земја, претседателот рече дека тој е се уште легитимниот лидер на државата. Привремената влада во земјата бара оставка од Бакиев по смртта на осумдесетина лица во минатонеделните немири во Киргистан. Претседателот, пак, демантираше дека е поврзан со крвопролевањето на протестите.
XS
SM
MD
LG