Достапни линкови

Железничка несреќа во северна Италија


Новинските агенции јавуваат дека денеска во северна Италија воз излетал од шините при што загинале шест луѓе, додека неколкумина биле повредени. Несреќата се случила во близина на градот Мерано, околу 300 километри северно од Венеција. Засега не е позната причината за несреќата. Според некои наводи, станува збор за одрон на земјиште.
XS
SM
MD
LG