Достапни линкови

logo-print

Средба Обама - Јанукович во понеделник


Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со неговиот украински колега Виктор Јанукович за време на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон идната недела, соопштија од Белата куќа. Состанокот, закажан за во понеделник, ќе биде прва средба во четири очи на двајцата лидери. Јанукович, кој победи на изборите во Украина во фебруари годинава, со Обама ќе разговара за повеќе прашања, соопштија од Вашингтон. Американскиот претседател изјавил дека САД и Украина имаат силни билатерални односи создадени преку стратешко партнерство.
XS
SM
MD
LG