Достапни линкови

Киргистан - солзавец врз демонстрантите во Бишкек


Киргистанската полиција денеска употребила солзавец за да растера групата анти владини демонстранти во Бишкек. Тие се собрале пред канцеларијата на најголемата опозициска партија во главниот град на Киргистан, барајќи оставка на претседателот Курманбек Бакиев. Ден претходно властите ги приведоа опозиционите лидери Алмазбек Атамбаев и Омурбек Текебаев. Има извештаи дека стотици демонстранти денеска влегле во седиштето на локалните власти во Нарин. Во меѓувреме, во северозападниот град Талас во текот на ноќта, демонстрантите повторно ја презеле зградата на владата. Вчера илјадници демонстранти ги зазедоа владините канцеларии во Талас, но беа принудени да ги напуштат откако врз нив биле истрелани гумени куршуми. Протести се најавени и во други места во земјата, а владата предупреди на сериозни последици. Американската амбасада во Бишкек изрази загриженост за немирите, а генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун повика на воздражност и од двете страни.
XS
SM
MD
LG