Достапни линкови

Продолжуваат антивладините демонстрации во Киргистан


Денеска во Киргистан се очекуваат нови демонстрации, откако вчера илјадници протестанти упаднаа во владините канцеларии во градот Талас, барајќи оставка од претседателот Курманбек Бакиев. Полицијата со солзавец и со гумени куршуми ги истера демонстрантите, меѓутоа во текот на ноќта тие повторно ја зазеле зградата. Во главниот град Бишкек властите држат во притвор неколку лидери на опозицијата. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика сите страни на воздржаност.
XS
SM
MD
LG