Достапни линкови

Ахмадинеџат бара од Парламентот кратење на субвенциите



Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат ги повика законодавците да го преиспитаат одбивањето на владиниот предлог за намалување на субвенциите за 40 милијарди долари. Во минатиот месец, иранскиот парламент го усвои државниот буџет во кој беа прифатени само половина од бараните радикални редукции на субвенциите. Според аналитичарите, Ахмадинеџат се надева дека со кратењето на субвенциите Иран ќе биде поотпорен на можните нови санкции.
XS
SM
MD
LG