Достапни линкови

Обама во Прага на средба и со лидерите на новите членки на ЕУ


Американскиот претседател Барак Обама на 8 април, по средбата со претседателот на Русија Дмитри Медведев со кој треба да ја потпише новата спогодба за намалување на нуклеарното оружје, ќе се состане и со лидерите на новите членки на Европската унија и на Хрватска. Според неофицијални наводи, во американската амбасада во Прага би требало да дојдат претседателите на балтичките земји, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Бугарија и на Хрватска како земја која се очекува наскоро да влезе во Унијата. Главен повод на средбата, како што се наведува, била желбата на Обама да ги смири овие земји дека новиот договор со Русија не е на нивна сметка.
XS
SM
MD
LG