Достапни линкови

Уапсени одговорните за поплавата во Казахстан


Казахстанската полиција го уапси градоначалникот на селото Кузул Агаш и неколку локални службеници за кои се сомнева дека се одговорни за минатонеделните поплави при кои загинаа 34 луѓе. Претседателот Нурсултан Назарбаев нареди да се спроведе истрага за поплавата која во петокот настана по рушењето на браната во близина на градот Алмату. Казахстан, земја богата со нафта, е привлечна за странски инвеститори но често е критикувана од нив за лошата инфраструктура, пренесуваат новинските агенции.
XS
SM
MD
LG