Достапни линкови

logo-print

Адмирал Ставридис: Спорот со името мора да се коригира


,,Ќе имаме можност да ја видиме Македонија како членка на НАТО кога ќе го реши спорот со името со Грција. Тоа е административно прашање кое мора да се коригира.,, Ова го изјави Врховниот командант на сојузничките сили за Европа американскиот адмирал Џејмс Ставридис на сослушувањето во ресорниот поткомитет на Претставничкиот дом. Оценувајќи ја состојбата на Балканот, тој изјави дека е многу задоволен од напредокот на земјите во регионот. ,,Постојат политички тензии во Босна и тензии меѓу Србија и Косово, но земјите како Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија и Албанија се со растечки економии и со многу способни мали безбедносни сили со кои работиме.,, изјави адмирал Ставридис.
XS
SM
MD
LG