Достапни линкови

Микола Азаров нов премиер на Украина


Партијата на новиот украински претседател Виктор Јанукович која успеа да формира ново мнозинство во парламентот денеска го избра поранешниот министер за финасии Микола Азаров, близок соарботник на Јанукович за нов премиер. Азаров вети решавање на економските проблеми кои, како што рече, ги направила претходната влада. Јанукович пред еден месец ја победи премиерката Јулија Тимошенко на претседателските избори, по што таа го загуби парламентарното мнозинство.
XS
SM
MD
LG