Достапни линкови

67 години од холокаустот на македонските Евреи


Еврејската заедница во Македонија денеска во Скопје со низа активности ќе одбележи 67 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Делегација на Еврејската заедница ќе положи цвеќе на споменикот на македонските Евреи пред Тутунскиот комбинат и ќе ги посети гробиштата во Бутел. По наредба на бугарската влада, ноќта меѓу 10 ти и 11 ти март 1943 година била уапсени скоро целата еврејска популација во Македонија. Тие биле транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, каде што веднаш биле егзекутирани.
XS
SM
MD
LG