Достапни линкови

Русија ја критикува Шведска


Рускиот претседател Дмитри Медведев ја критикуваше денеска Шведска за обезбедување на засолниште на чеченските криминалци. Медведев оваа забелешка ја даде на заедничката конференција со шведскиот премиер Фредерик Рајнфилд во Кремљ. Русија ја упати оваа критика поради одбивањето на Шведска да екстрадира чеченски бунтовници како Аслан Адејев кои Москва ги обвинила за тероризам и други криминални дејства.


XS
SM
MD
LG