Достапни линкови

НАТО, ЕУ и Обама ги поздравија изборите во Ирак


Ирачаните денеска ги очекуваат првичните резултати од парламентарните избори. Милиони гласачи вчера излегоа на изборите и покрај бомбашките напади од, како што се верува, сунитски милитанти во кои загинаа најмалку 36 луѓе. Првите официјални резулатати се очекуваат во наредните неколку дена. Околу 6 илјади и 200 кандидати се тркаа за 325 места во парламентот на вторите избори во таа земја по паѓањето на режимот на Садам Хусеин. Одѕивот, според Независната изборна комисија, бил околу 50 насто. Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави изборите и ги повтори плановите за повлекување на сите американски војници до крајот на идната година. Ирачките избори ги поздравија и Европската унија и НАТО.
XS
SM
MD
LG