Достапни линкови

logo-print

Кина не верува дека санкциите ќе го решат иранскиот проблем


Кинескиот министер за надворешни работи, Јанг Џиечи изјави дека новите санкции за Иран нема во основа да го решат проблемот со иранската нуклеарна политика. Тој во својот говор на конференција истакна дека официјален Пекинг не верува дека сите дипломатски опции се исцрпени. Вашингтон и Западните земји бараат од Кина поддршка за резолуцијата на Обединетите Нации со која ќе се воведат нови санкции за Иран.
XS
SM
MD
LG