Достапни линкови

Турција ја ратификуваше спогодбата за Набуко


Турскиот Парламент синоќа ја ратификуваше меѓувладината спогодба за изградба на европскиот гасовод Набуко. Проектот има за цел да се намали зависноста на Европа од Русија и тој беше потпишан во јули од Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и Турција. Парламентите на Бугарија и на Унгарија веќе го ратификуваа проектот. Преку Набуко, кој ја има поддршката од САД, ќе се пренeсуваат над 30 милијади кубни метри гас годишно од Централна Азија за Европа.
XS
SM
MD
LG