Достапни линкови

Јанукович: Европските интеграции се приоритет за Украина


Европските интеграции се приоритет на украинската надворешна политика. Ова денеска го изјави украинскиот претседател Виктор Јанукович во Брисел по средбата со челниците на Европската Унија. Јанукович додаде дека Украина ќе гарантира безбеден транзит на рускиот природен гас во Европа. Тој во инагуративниот говор пред една недела истакна дека ќе одржува балансирани односи со Европа и Русија.
XS
SM
MD
LG