Достапни линкови

Каубојски грабеж на ТТК Банка во Скопје


Експозитурата на ТТК банка што се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ е ограбена рано утрово од страна на непознат сторител.
Според досегашните сознанија на Министерството за внатрешни работи, грабежот се случил утринава околу 8 часот и 30 минути кога разбојникот влегол во банката и под закана со пиштол одзел околу 3.500 евра, по што избегал во непознат правец.
Во моментот се врши увид на местото на настанот. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на напаѓачот.
XS
SM
MD
LG