Достапни линкови

Мора:Македонија и Хрватска со најмногу шанси за брз влез во ЕУ


Советникот за надворешна политика и европски прашања на чешкиот премиер, Марек Мора изјави дека пристапот на Европската Унија кон Македонија е нефер. Тој додаде дека земјата ги исполнува сите услови за влез во Унијата и единствен проблем е блокирањето на Грција поради името. Мора истакна дека во наредниве неколку годините се очекува влез на балканските земји во Унијата, а најголеми шанси за брзо пристапување имаат Хрватска и Македонија.
XS
SM
MD
LG