Достапни линкови

Повик до ДПА да се врати во Парламентот


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска повторно ги повика пратениците од ДПА да размислат и да се вратат во Парламентот, и покрај нивната вчерашна одлука да го продолжат бојкотот. ,,Ги повикувам да се вратат во Собранието оти тоа е најдобар начин да се претстават интересите на граѓаните,, рече Вељаноски на средба со новинарите. Пратениците од ДПА осум месеци ја бојкотираат работата на Собранието, а дел од причината за тоа, според нив, е неставањето на дневен ред на собраниска седница на толкувањето на одредени членови од Законот за амнестија.
XS
SM
MD
LG