Достапни линкови

Многу прашања, малку одговори


Меѓусебни обвинувања наместо одговори

Меѓусебни обвинувања наместо одговори

Најголемите политички партии секојдневно разменуваат прашања за „матни“ зделки на нивни функционери. Од друга страна, одговорите се „прескокнуваат“. Експертите сметаат дека оваа состојба е одраз на нивото на политичка култура и дека без одговори не се нуди решение за проблемите

Во политичката пракса , на обвинувањата и на прашањата да се одговара со иста доза наместо со одговори и со решенија, комуниколозите гледаат караница, наместо политичка комуникација . Барем во последно време се почести се прес конференциите на
Таквата политичка комуникација не нуди какво и да е решение за проблемите или го прескокнува одговорот на прашањето што другата страна го поставува и тоа е веќе јасно дека не оди никаде и дека не нуди сериозен системски излез за кој и да е проблем
кои партиските ривали се обвинуваат, прашуваат и „вадат“ афери, но наместо одговори и одбрана од другата страна, следуваат дополнителни прашања, и потсетување на аферите на другите. Комуникологот Климе Бабунски, вели дека неможе да се земе во предвид аргументот, што партиите го користат, дека за грешките не смее да коментира тој што грешел.

„Таквата политичка комуникација не нуди какво и да е решение за проблемите или го прескокнува одговорот на прашањето што другата страна го поставува и тоа е веќе јасно дека не оди никаде и дека не нуди сериозен системски излез за кој и да е проблем.“

Комуникологор Петар Арсовски пак вели дека тоа што партиите се почесто своите обвинувања ги поставуваат во прашална форма има врска и со законот за клевета.

„Во законот за клевета секој пратеник или секој човек има право да се сомнева и обвинувањето да го постави во прашална форма, а доколку го изнесе како тврдење е подложен на законот за клевета. Мислам дека тоа е една од главните причини зошто портпаролите на големите партии своите тврдења ги изнесуваат како прашања, а зошто не одговараат опонентите, тоа е веќе прашање на политичка култура.“
Зошто не одговараат опонентите? Тоа е веќе прашање на политичка култура

Арсовски вели дека јавноста се повеќе е свесна дека политичарите ја манипулираат, тоа го покажуваат и анкетите, на кои се повеќе луѓе се декларираат дека се неопределени или ќе апстинираат на избори, што покажува дека се заситени од тековниот политички дискурс на партиите.

Последниот од низата такви случаи беше кога на прашањето од СДСМ , зошто власта троши толку многу пари на скапи медицински апарати , владеачката ВМРО-ДПМНЕ, постави прашање, на што трошеле СДСМ пари кога биле на власт, чии интерси штитат и потсети на „матните “ зделки на поранешниот министер за здравство Владо Димов.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG