Достапни линкови

Реакции на посетата на Нимиц


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Опозиционата СДСМ смета дека во изјавите што медијаторот Метју Нимиц ги даде по средбите со македонскиот државен врв, нема нешто ново. Тие ја повикуваат владата да информира за исходот од средбите со Нимиц. ДУИ пак на разговорите со медијаторот гледа позитивно.

По последните средби на македонскиот државен врв со медијаторот Метју Нимиц во Скопје, СДСМ проценува дека станува збор за старите изјави на Нимиц и слични идеи коишто медијаторот ги дал и при поранешните рунди на преговори со двете страни во спорот за името. Ваквите изјави нема потреба да се коментираат се додека не излезе нашата страна да информира за исходот од средбите со медијаторот на ОН, велат од оваа партија. Владината ДУИ пак, изјавата на Нимиц како и целокупните негови заложби ги гледа многу
Зачестените делегации кои доаѓаат во Скопје последните денови ни даваат за право и ни влеваат надеж дека се создава позитивна клима. Очекуваме исто таков пристап и од грчка страна
позитивно и како и во неговата изјава, сметаат дека сега е вистинското време да се реши долго годишниот спор за името. Во таа смисла посетата на Нимиц ја гледаат во склоп, на како што велат, позитивнот дух што се создал изминатите денови кога во Скопје допатуваа и голем број европски претставници:

,,Зачестените делегации кои доаѓаат во Скопје последните денови ни даваат за право и ни влеваат надеж дека се создава позитивна клима. Очекуваме исто таков пристап и од грчка страна."

изјави Џевад Адеми од ДУИ. Медијаторот Метју Нимиц во текот на својот дводневен престој во Македонија, разговараше со целокупниот државен врв. По средбата со претседателот Ѓорге Иванов, од неговиот кабинет излезе соопштение во кое се вели дека го запознале медијаторот Нимиц со позициите и начините како може да се работи на изнаоѓање на решение согласно резолуциите на ОН. Нимиц во завршната изјава пред медиумите во која што излезе сам рече дека овој период го гледа како вистинско време да се дојде до решение за проблемот којшто предолго опстанува на меѓународната агенда и чие што решение меѓународната заедница го очекува во најскоро време. Притоа запрашан за прашањето на идентитетот и јазикот, одговори дека, спорот го разбира кое што го засега само името на државата, а сите други прашања што низ годините се наметнале се споредни. Нимиц на 26-ти февруари има средби во Атина со грчкиот премиер Папандреу и алтернативниот шеф на дипломатијата Друцас.
XS
SM
MD
LG