Достапни линкови

Грција, парализирана од општиот штрајк


Дваесет и четири часовниот општ штрајк во Грција ја парализира земјата. Не работат министерствата, училиштата, јавниот превоз, аеродромите. Штрајкот е организиран во знак на протест поради строгите владини мерки за извлекување на земјата од тешката финансиска криза. Мерките вклучуваат замрзнување на платите во јавниот сектор, зголемување на даноците и подигнување на просечна возраст за пензионирање.
XS
SM
MD
LG