Достапни линкови

Фејт: Меѓународната заедница е за мир во северно Косово


Меѓународниот цивилен претставник на Косово Питер Фејт изјави дека цивилната канцеларија и косовските институции не сакаат оружен судир на северот на Косово, но ни продолжување на „студениот судир“ кој трае со години. На расправата за стратегијата за Косово, Фејт вчера во Приштина истакна дека меѓународната заедница, ако треба, ќе се консултира и со Белград, но не за сите аспекти на планот. Територијалниот интегритет е главен принцип што треба да се заштити и Меѓународната цивилна канцеларија и помага на косовската влада во тоа, нагласи Фејт.
XS
SM
MD
LG