Достапни линкови

Модернизирана библиотеката во Кумановo


Книги
Книги

Со дотации од буџетот и од касата на локалната самоуправа, библиотеката ,,Тане Георгиевски" во Куманово е реновирана. Просторот е целосно модернизиран, а воедно за корисниците е олеснет пристапот до потребните информации.

Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово започна со работа во реновирани простории, модернизиран ентериер и екстериер, подобра функционалност и полесен пристап до потребните податоци и информации за корисниците. Инвестицијата изнесува два милиона и 700 илјади денари, средства обезбедени од дотациите од буџетот на РМ и од касата на локалната самоуправа. Според директорката Нада Ивановска ова е во рамките на одржување на чекорот со времето во осовременување на библиотечниот процес.
Реновиран е холот, влезниот и шалтерскиот дел, комплетна вентилација, реконструирана е инсталацијата, компјутерско умрежување. Овој проект опфаќа услови за многу подобро чување и користење на библиотечниот фонд


„Реновиран е холот, влезниот и шалтерскиот дел, комплетна вентилација, реконструирана е инсталацијата, компјутерско умрежување. Овој проект опфаќа услови за многу подобро чување и користење на библиотечниот фонд.“

Во библиотеката има околу 200 илјади библиотечни единици, околу 30 илјади книги на албански, но и на повеќе други јазици, српскиот, хрватскиот, романскиот, влашкиот, ромскиот, вели Ивановска. Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски додава дека само за вентилацијата се вложени околу 13 илјади евра, а реконструкцијата и реновирањето на овој не многу голем простор стар повеќе децении e:

„Добар показател дека децентрализацијата го направи својот позитивен чекор, што се гледа во културата, оти успеавме да направиме модерна библиотека. Модерна читална, вклучена информатичка технологија, добри услови за работа, голем библиотечен фонд, а овозможено е и добро менаџирање со библиотеката во Куманово.“

Со реновирањето и модернизирањето на библиотеката за корисниците на библиотечните услуги создадено е пријатно катче, кое кумановци многу оддамна го посакуваа и очекуваа.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG