Достапни линкови

Тензии меѓу Либија и Швајцарија


Либија се закани со недефинирана одмазда доколку швајцарската амбасада во Триполи не го предаде швајцарскиот државјанин Макс Гоелди, кој се соочува со казна затвор од 4 месеци поради нелегален престој во Либија. Односите меѓу Швајцарија и Либија се заострија откако швајцарската полиција, во 2008-ма година, на кратко ги притвори Ханибал Гадафи, син на лидерот Муамер Гадафи, и неговата сопруга, поради малтретирање на нивниот слуга во еден хотел во Женева. Либија во овој месец воведе и рестрикции за влез во земјата на граѓаните од државите на шенген зоната како одговор на тоа што Швајцарија ги заостри мерките за државјаните на Либија.
XS
SM
MD
LG