Достапни линкови

Турчунов:Јанукович сака да покаже бесправно стекната моќ


Украинскиот заменик премиер Олександар Турчунов го обвини победникот на претседателските избори, Виктор Јанукович дека неговата инагурацијата ќе биде обид да покаже бесправно стeкната државна моќ. Украинскиот парламент ја закажа инагурацијата на Јанукович на 25-ти февруари. Премиерката Јулија Тимошенко поднесе жалба до судот за да ги оспори изборните резултати кои според неа се фалсификувани. Судот ќе го почне процесот со сослушувањата во петок и до 25- месецов треба да донесе одлука за жалбата. До тогаш Врховноит суд ги суспендираше изборните резултати.
XS
SM
MD
LG