Достапни линкови

Билатералните односи на Турција и Ирак се подобруваат


Во рамките на подобрувањето на билaтералните односи на Турција и Ирак денеска беше воспоставена историска железничка врска. Патнички воз од северниот дел на Ирак за прв пат денеска пристигна во Турцијa. Патниците биле пречекани со свечена церемонија во град од јужниот дел на Турција. Возобновувањето на железничката линија е дел од многуте договори што ги потпишаа Турција и Ирак минатата година за подобрување на економската размена.
XS
SM
MD
LG