Достапни линкови

НАТО му ја честита изборната победа на Јанукович


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен му честиташе на Виктор Јанукович за неговата победа на претседателските избори во Украина. Расмусен оцени дека слободните и демократски избори во таа земја претставуваат пример за регионот. Тој исто така се заложи за продлабочување на стратегиското партнерство меѓу НАТО и Украина. Вчера победата на Јанукович му ја честитаа и американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Европската унија.
XS
SM
MD
LG