Достапни линкови

logo-print

Шешељ обвинет за непочитување на Хашкиот трибунал


Хашкиот трибунал денеска покрена ново обвинување против Воислав Шешељ поради непочитување на судот. Имено, тој ги објавил идентитетите на заштитените сведоци во главниот процес што се води против него за воени злосторства во поранешна Југославија. Според обвинението, Шешељ во книга, чиј наслов не е објавен, навел многубројни податоци за сведоците, вклучувајќи ги и нивните вистински имиња, професии и адреси. Шешељ во минатата година поради истата причина беше осуден на 15 месеци затвор.
XS
SM
MD
LG