Достапни линкови

Белериве: во земјотресот на Хаити загинаа над 200 илјади луѓе


Повеќе од 200.000 лица загинаа во катастрофалниот земјотрес кој го погоди Хаити минатиот месец, потврди премиерот Жан Макс Белериве. Во изјава за новинските агенции тој додава дека 300.000 лица биле повредени на 12-ти јануари а на 4.000 лица им биле ампутирани екстремитети. Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го назначи поранешниот претседател на САД Бил Клинтон да преземе „проширена лидерска улога“во координацијата на меѓународната помош за Хаити.
XS
SM
MD
LG