Достапни линкови

Опозицона платформа за пораз на владината политика на Груевски.


Дванаесет политички партии од опозицијата предводени од СДСМ денеска потпишаа Платформа за политичко дејствување, која има за цел промена на актуелната власт.
Зад Платформата застанаа СДСМ, НСДП, ЛПМ, Нова алтернатива, како и Партијата на слободни демократи, Движењето за национално единство на Турците од Гостивар, Демократскиот сојуз на Власите од Македонија, Сојузот на титови леви сили, Партијата на пензионерите на Македонија, Граѓанско-либералната партија на Македонија, Зелената партија и Прогресивната партија. Тие се обврзаа на соработка и активности во насока на политички пораз на владините политики на следните парламентарни избори кога и да се одржат, како и на промоција на стратегиските интереси на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, за унапредување на меѓуетничките односи и за развивање на добрососедски односи. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека тоа е клучен момент за Македонија и дека опозициониот фронт е отворен за сите политички партии, за формални и неформални коалиции со социјалниот сектор, здруженија на граѓани, со НВО-секторот, со поединци.
XS
SM
MD
LG