Достапни линкови

logo-print

Карзаи-Авганистан има резерви на минерали и нафта


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска изјави дека земјата која е една од најсиромашните во светот има резерви на минерали и нафта во вредност од билион долари. Тој изјави дека неговото мислење се базира врз студијата на американскиот геолошки институт и дека таа ќе биде објавена во наредните месеци. Познато е дека Авганистан има резерви на бакар, злато и руда, како и на природен гас, нафта и драгоцени и полу драгоцени камења. Но многу малку од нив земјата ги искористува, поради долгогодишната војна.
XS
SM
MD
LG