Достапни линкови

Македонија меѓу земјите со најмногу војници во Авганистан


Војници во Авганистан
Војници во Авганистан

Во наредните два месеци дополнителни 79 македонски војници ќе отпатуваат за Авганистан, како дел од заедничката мисија со силите на американската Национална гарда од Вермонт. Со новиот контингент, Македонија во Авганистан ќе има вкупно 247 оваа земја, сметано по глава на жител.

Во наредните два месеци во Авганистан ќе отпатуваат 79 македонски војници кои ќе бидат во заедничка мисија со силите на Американската Националната гарда од Вермонт. Новата заедничка американско-македонска мисија во Авганистан наречена „Феникс“ ќе трае девет месеци и во неа ќе учествуваат војниците од ренеџерскиот батаљон, од батаљонот за специјални намени и од воената полиција. Тие заедно со војниците од Вермонт ќе помагаат во обуката на авганистанската армија и полиција. Со новиот контингент, Македонија во Авганистан ќе има вкупно 247 мировници, со што ќе биде меѓу првите пет држави со најголем број војници во
Од сите 1009 македонски мировници кои што досега биле во мисија научивме многу, донесоа многу научени лекции, истото тоа го пренесоа на помладите припадници на АРМ
Авганистан, сметано по глава на жител. Авганистан е тема и на конференцијата која се одржува во Лондон. На конференцијата на ниво на шефови на дипломатии на земјите членки на НАТО и на земјите учеснички во мировната мисија ИСАФ, присуствуваат британскиот премиер Гордон Браун, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Ќе учествува и македонска делегација, предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. На конференцијата ќе биде промовирана „програмата за интеграција“ со која ќе и се помогне на владата во Кабул да изнајде начин за излез од сегашната состојба на насилство. АРМ, од почетокот на мисијата па досега во Авганистан има испратено повеќе од 1000 војници. Министерот за одбрана Зоран Коњановски вели дека придобивките од учествово во мисии во странство се големи.

,,Од сите 1009 македонски мировници кои што досега биле во мисија научивме многу, донесоа многу научени лекции, истото тоа го пренесоа на помладите припадници на АРМ."
Овие операции во странство му ги покажуваат на светот капацитетите, подготвеноста и определбата на Македонија за евроатлантската интеграција


Американскиот адмирал Вилијам Браун при неодамнешната посета на Македонија, кога им додели медали на војниците за нивното учество во мисиите во странство, изјави дека земјата со своето учество во странство дава придонес за светскиот мир и борбата против тероризмот.

,,Овие операции во странство му ги покажуваат на светот капацитетите, подготвеноста и определбата на Македонија за евроатлантската интеграција. Поблиску до дома, Македонија е клучен член на Јадранската група и ќе игра важна улога во проширувањето на програмата во регионот. Македонија продолжува да биде регионален лидер во промовирање на балканскиот мир и стабилност."

Земјата сега учествува во мисиите во Авганиста, во мисијата на Балканот Алтеа , а има искуство и со испраќање на војници во Ирак и во Либан.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG