Достапни линкови

logo-print

ММФ и ЕУ деблокираа 3,3 милијарди евра кредит за Романија


Меѓународниот Монетарен фонд и Европската Унија денеска соопштија дека ќе продолжат со финансиска помош за Романија. ММФ деблокира 2.3 милијарди евра а ЕУ 1 милијарда евра кредит. Во мај, 2009, ЕУ, ММФ и Светската банка се согласија да и понудат на Романија 20 милијарди евра заем како помош за обнова на економијата на земјата. Кредитот беше замрзнат во ноември лани поради политичката криза во Романија, но ММФ и ЕУ објавија денеска дека Романија презела чекори за контрола на своите трошоци.
XS
SM
MD
LG