Достапни линкови

Повлекувањето на Желева ќа одложи гласањето за ЕК


Членовите на Европскиот парламент соопштија денеска дека повлекувањето на кандидатурата на бугарката Румена Желева за комесар на Европската Унија за хуманитарна помош може да го одложи гласањето за новата комисија, кое треба да се одржи на 29 јануари. Таа во минатата недела дојде во непријатна ситуација кога за време на сослушувањето во Европскиот парламент, пратниците ја доведоа под прашалник нејзината компетенција за таа функција, поради нејзините поранешни бизнис врски. Желева ќе продолжи да ја извршува функцијата на министер за надворешни работи на Бугарија.
XS
SM
MD
LG