Достапни линкови

Во Охрид најмасовен собир за Водици


Охридско езеро

Охридско езеро

Со најмасовниот црковно-народен спектакл за Богојавление-Водици во земјава, со долгогодишна традиција и посебен пиетет, Охрид и годинава го слави големиот Христијански празник посветен на Исусовото крштевање.

Со најмасовниот црковно-народен спектакл за Богојавление-Водици во земјава, со долгогодишна традиција и посебен пиетет, Охрид и годинава го слави големиот Христијански празник посветен на Исусовото крштевање. Со културно уметничка програма на 19-ти од рано утрото кај градското пристаниште, намалени цени и специјална понуда во хотелите, бесплатна ракија за загревање на капачите и гостите и многу возбуда, организаторите на манифестацијата од здружението Богојавление очекуваат големиот Охридски Богојавленски
Се надевам дека ова ќе прераснe во една голема традиција во градот и ќе стане централна манифестација со која ќе привлечеме многу туристи и ќе ги покажаеме вредностите на градот
водосвет годинава да го проследат повеќе од 30 илјади верници од Охрид, гости од Балканот и други земји, како и голем број православни граѓани што неработниот ден ќе го искористат да дојдат за да бидат дел од импресивниот Богојавленски амбиент на Охридското Езеро.

,,Се надевам дека ова ќе прераснe во една голема традиција во градот и ќе стане централна манифестација со која ќе привлечеме многу туристи и ќе ги покажаеме вредностите на градот."

Вели Цветан Панделески, кој заедно со бизнис партнерот Тане Николовски,се годинашни кумови за Водици во Охрид, чие јавно славење возобнови пред 20 години, но неговото чествувањето никогаш не било прекинато.

,,Водици се сеќавам уште како дете, се фрлаше крстот од Пристаниште. Имаше кајче украсено со зеленики, внатре беше владиката и градоначалникот...Од 1947 година беше забрането да се прави тоа јавно и крстот се фрлаше по црквите во казан. Некаде од 1955-56 година, Андон Вучков и Горѓи Дарката ќе го земеа крстот и ќе го фрлеа без поп и ние како деца се фрлавме по него."
Од 1990 година се фрлам по светиот крст и досега го имам фатено четири пати. Се надевам дека и оваа година ќе ми биде среќна и јубилејна година..

Се сеќава стариот Охриѓанец Јаким Каневче.

,,Од 1990 година се фрлам по светиот крст и досега го имам фатено четири пати. Се надевам дека и оваа година ќе ми биде среќна и јубилејна година. Има мала тајна за фаќањето на крстот, ама таа ќе ја зачуваме за нас инаку нема да биде тајна."

Вели Митко Топенчаров, ланскиот фаќач на крстот, што овој пат Владиката Тимотеј ќе го фрли од бродот ,,Македонија" кај градското пристаниште, а по него ќе се тркаат рекорден број од над илјада капачи со што Охрид сака да се бори за нов гинисов рекорд за најмасовно зисмко капење во светот. Спектаклот за Водици како најголема зимска туристичка атракција во Охрид, годинава ќе биде овековечен на филм снимен од екипа од Романија, предводена од младиот талентиран Охридски режисер Илија Пиперкоски. Прославата за Водици, ќе ја следат и политичари јавни личности, дипломати и стански тур оператори. Славењето ќе продлжи на 20-ти јануари, на празникот Свети Јован,кога на денот на рибарите симболично на Сараиште масовно ќе се капат младите Охриѓани и ветераните, кои ќе се тркаат по бочка со вино во езерото.
XS
SM
MD
LG