Достапни линкови

Србија го повлекува својот Амбасадор од Црна Гора


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска побара итно повлекување на амбасадорот на Србија од Подгорица, Зоран Лутовац на консултации во Белград поради одлуката на црногорските власти до кои Србија упати и остар демарш поради денешната одлука за воспоставување дипломатски односи со Косово.
Воспоставувањето дипломатски односи на црногорската Влада со Приштина ја нарушува регионалната стабилност и го отежнува воспоставувањето најдобри можни односи меѓу соседите, што е приоритет на српската Влада, се вели во соопштението.
Црна Гора и Косово денеска воспоставија дипломатски односи со размена на писма меѓу двајцата шефови на дипломатиите, Милан Роќен и Скендер Хисени.
XS
SM
MD
LG