Достапни линкови

logo-print

Група од двесте јавни личности во Србија побараа распишување референдум за влегувањето на земјата во НАТО, претпоставувајќи дека во овој момент одговорот на граѓаните би бил негативен. Србија е воено неутрална земја, но во јавноста и натаму постои голема поделеност за евентуалното членство во Алијансата.

Постои страхување дека одлуката за членство во НАТО државата Србија би можела да ја донесе зад грбот на граѓаните и затоа најдобро решение е да се распише референдум, се наведува во барањето на двесте српски јавни личности меѓу нив, и писателот Матија Бечковиќ, политичарот Воислав Коштуница, режисерот Емир Костурица и митроплоитот Амфилохие.

,,Многу ме чуди кога луѓе на официјални позиции даваат изјави што не се во согласност со Резолуцијата за воена неутралност. Тие предизвикуваат забуна во јавноста. Јас очекувам негативен одговор.,,

Вели еден од потписниците професор Светозар Стојановиќ во прилогот на дописникот на Радио Слободна Европа од Белград Зоран Главониќ. Српскиот парламент во 2007 година едногласно усвои Декларација за неутралност иако Србија уште претходно беше во НАТО програмата Партнерство за мир. Според истражувањето на невладината организација Атлантски совет, во овој момент во Србија има околу 27 насто приврзаници на члентсвото во НАТО, додека 40 проценти се неопределни. Според Владан Живуловиќ, од Атлантскиот совет, потребен е реферндум, но не и во овој момент:

,,Бидејќи на сцена се негативните оценки за влегувањето во НАТО. Никој не дава аргументи зошто да се влезе. Затоа е очигледна инцијативата на оваа група да го искористи негативното расположение. Ниту некој не повика во НАТО, ниту некој во Србија дава сигнали за влез во НАТО.,,

Според српскиот Устав, за распишување реферндум се потребни потписи на 100 илјади граѓани. Матија Бечковиќ смета дека постојат силни причини Србија да остане воено неутрална. Една од нив е бомбардирањето во 1999 година.
Никој не дава аргументи зошто да се влезе. Затоа е очигледна инцијативата на оваа група да го искористи негативното расположение. Ниту некој не повика во НАТО, ниту некој во Србија дава сигнали за влез во НАТО...


,,Преку таа причина српскиот народ не може да мине, а да не го згази своето достоинство. Што би рекле, оној што е каснат од змија се плаши и од гуштери. Покрај тоа Србија рече дека никогаш нема да го признае Косово. Тоа значи дека никогаш нема да влезе во НАТО, бидејќи независно Косово е дело на НАТО.,,

Со Бечковиќ не се согласува Живуловиќ кој во врска со бомбардирањето на Србија од страна на НАТО вели:

,,Па 70 насто од граѓаните на Србија сакаат да влезат во Европската унија од каде што не бомбардираа 19 земји. И германците не бомбардираа па по десет години отидовме таму во гастербајтери.,,

Одлуката за членство во Алијансата може да биде донесена и без изјаснување на граѓаните, но, како што вели Јелена Милиќ, директор на Центарот за евроатлантски студии, јавната расправа, па и референдумот за тоа се добар пат.

,,Проблем во Србија е тоа што благодарение на одлуката да не се зборува за влегување во НАТО, добивме силна кампања против членството во тој сојуз која нема никакви аргументи.,,

Вели Милиќ, додавајќи дека оваа иницијатива барем ќе ги натера оние што се за НАТО да бидат појасни и погласни.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG