Достапни линкови

Отворен атак врз Уставниот суд


Уставниот суд мета на политички притисоци

Уставниот суд мета на политички притисоци

Премиерот Груевски деновиве повторно отворено го нарече Уставниот суд партиски диригиран. Токму уставните судии пред Нова година побараа да не се врши притисок врз нив, а Европската комисија го нотираше притисокот на власта врз Уставниот суд.

Не е првпат премиерот да го нарече Уставниот суд партиски инструментализиран а одлуките на судиите диригирани од како што рече партијата што ги назначила. Поводот овој пат беше одлуката на судот да укине одредба од законот за МВР со што го стопира
Премиерот сака да има повеќе и од апсолутна власт во државата. Ја има извршната власт, има мнозинство во парламентот, има локална власт, претседател, најверојатно остана уште Уставниот суд и тој има намера да го партизира, а не дека до сега бил партизиран
пензионирањето на сите што наполниле 40 години стаж и протестот што го најави полицискиот синдикат по оваа одлука. Според судот ваквата одлука е селективна со оглед на тоа што го опфаќа само периодот од 2010 до 2014 година. Според Груевски повеќе од една третина од Уставниот суд е диригиран од СДСМ и се додека е така ќе постојат проблеми, протести и штети во државата. Владо Бучковски од СДСМ вели дека во ваквите изјави на премиерот жели еден непримерен притисок од власта којшто му нанесува штета на угледот на државата.
Каков Уставен суд сака да изгради премиерот? Никола Груевски поставува камен темелник на зградата на Уставниот Суд

„Од друга страна и смислена политика на Груевски и ВМРО ДПМНЕ која ќе оди во правец да годинава се дрзнат да направат и измени со кои поинаку ќе функционира Уставниот суд и всушност она што го заговараа по промашениот проект за веронаука сега ќе го реализираат.“

Во последно време не само што се коментираат одлуките туку се врши и отворен атак врз Уставниот суд вели пратеничката од ЛДП Роза Топузова Каровска.

„Премиерот сака да има повеќе и од апсолутна власт во државата. Ја има извршната власт, има мнозинство во парламентот, има локална власт, претседател, најверојатно остана уште Уставниот суд и тој има намера да го партизира, а не дека до сега бил партизиран.“
Многу е лошо кога се напаѓаат институциите, затоа што на тој начин кај народот се добива впечаток дека нам институциите ни се завадени. И дека не постои усогласеност внатре и дека постои слабост на самите институции.


Одлуките на Уставниот суд само се извршуваат и нема орган којшто може да ги измени, за нив не се коментира ниту пак се дискутира пост фактум потсетуваат експертите. Нема кој друг освен токуму таа влада на чие чело стоти премиерот да ги спроведе одлуките на Уставниот суд. Професорот од Правниот факултет Саво Климовски вели дека ваквите изјави укажуваат и на подлабоки проблеми во функционирањето и поставеноста на институциите и дека токму ова прашање треба да стане тема на сериозна посветеност на политиката во земјава.

„Многу е лошо кога се напаѓаат институциите, затоа што на тој начин кај народот се добива впечаток дека нам институциите ни се завадени. И дека не постои усогласеност внатре и дека постои слабост на самите институции.“

Дискусиите околу поставеноста и надлежбностите на Уставниот суд треба да се разговара на поинаков начин вели Климовски. Исто како и дискусијата околу Уставот или компатибилноста или застареноста на одредени одредби. Уставниот суд пред новата година бараше да не се врши притисок врз нив како во изминатата. На што премиерот реплицираше дека неколку нивни одлуки во минатат година биле катастрофални и чисто политичко-партиски мотивирани. Во послениот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава беше исто така нотиран притисокот на Власта врз работата на Уставниот суд.
XS
SM
MD
LG