Достапни линкови

Четворица загинати во Пакистан


Во напад извршен од беспилотно летало во пакистанскиот регион Северен Вазиристан загинале четворица луѓе, јавуваат агенциите, повикувајќи се на локални извори. Тоа е шестти напад во овој регион од самоубиствениот напад на бомбаш самоубиец во кој пред десет дена загинаа седуммина агенти на ЦИА во базата која се наоѓа во Авганистан. За тој напад одговорноста ја презеде Ал Каеда, наведувајќи дека тоа е одмазда за ракетирањата со беспилотни летала во Пакистан.
XS
SM
MD
LG