Достапни линкови

Ал Каеда е банкрот визија


Претседателот на САД, Барак Обама

Претседателот на САД, Барак Обама

Втор пат за три дена, американскиот претседател Барак Обама вчера зборуваше за потребата да се поправат и да се учи од грешките што дозволија Нигериецот кој е на листата на терористите да се качи на американски авион во Европа на Божик со намера да подметне експлозив. Во синоќешното обраќање Обама порача дека треба да се воведат нови мерки, како што е потемелен скрининг на патниците и проширување на листата на терористите. Тој исто така рече дека пропустот на Божик бил системски и оти нема никој да биде отповикан од функција заради тоа. Како претседатател, имам голема одговорност да ги заштитам својата држава и народот а кога системот не чини тогаш моја одговорност е да го поправам, порача Обама. Тој поврзувајки ја Ал Каеда со намерата на Божиќ да се урне авионот на Нортвест нејзината визија ја нарече Банкрот визија.
Ал Каеда не нуди ништо освен Банкрот визија, мизерија и смрт во која се вклучени и муслиманите

„Ние мора јасно да комуницираме со муслиманскиот свет дека Ал Каеда не нуди ништо освен Банкрот визија, мизерија и смрт, во која се вклучени и муслиманите, додека Соединетите држави стојат заедно со оние кои бараат правда и прогрес“.

. За да има напредок во тој прогрес мора да има нов почеток со муслиманската заедница во светот, изјави американскиот Претседател Барак Обама, нагласувајки дека станува збор за заеднички основен интерес за почит и соработка со цел да се остварат аспирациите на ситре луѓе за образование, работа и достоинство. Тоа е визијата во која, како што рече Обама Америја, верува – визија која е многу помоќна од омразата на насилните екстремисти.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG