Достапни линкови

logo-print

Успешна година за кумановската болница


Куманово

Куманово

Општата болница во Куманово и покрај проблемите со финансирањето успешно ја завршила 2009-та година. Во техничка смисла успеале да го применат ДРЏ системот, а за надминување на финансиските проблеми чекаат помош од Министерството за здравство.

Општата болница во Куманово успешно ја завршила 2009-та година, особено по примената на ДРЏ-и системот. Меѓутоа, таа сеуште се соочува со финансиски проблеми за што се очекува помош од Министерството за здравство, вели директорот Ариф Љатифи.

,,Системот на ДРЏ успеавме да го организираме успешно, што го организираше Министерството за финансии и Фондот за здравствена заштита. Нашите лекари, главна сестра и раководителот во финансии ги завршија обуките и во техничка смисла успеавме да го
Системот на ДРЏ успеавме да го организираме успешно, што го организираше Министерството за финансии и Фондот за здравствена заштита
спроведеме системот. Според ДРЏ-и системот извршивме повеќе услуги отколку што беа предвидени со планот за оваа година.“

Вели директорот Љатифи. Меѓутоа како проблем за функционирање на болницата тој го наведува финансискиот, бидејќи буџетот на болницата за 2009-та година изнесувал 282 милиона денара, од кои пак дури 85% оделе за исплата на платите на вработените. Останатиот дел од средствата бил наменет и користен за тековните трошоци, вели Љатифи.

,,На финансиски план болницата е во незавидна положба. На 20-ти мај кога дојдов во болницата наследив долг, негативно салдо од над 50 милиони денари, што е премногу за една ваква болница. Од Министерството за здравство и од Фондот за здравство баравме да ни се зголеми буиџетот за 10-15%, со што би се задоволиле нашите потреби.“

Она што треба да се истакне смета Љатифи е што ресорното Министерство обезбедило неопходни апарати за неколку одделенија во
На финансиски план болницата е во незавидна положба
болницата, меѓу кои се нов рентген апарат и три апарати за Одделението за дијализа. За ова одделение и една приватна фирма донирала инвентар.

,,Од фирмата Фото „Дрита“ добивме 13 столчиња за дијализа, со што сега нашите пациенти се чувствуваат покомотно.“

Според Љатифи имало и донации од други приватни фирми кои помогнале за пофункционално и ефективно извршување на активностите во болницата, а во текот на 2010-та година Љатифи очекува освен зголемување на буџетот и нова апаратура која ќе ја обезбеди Министерството за здравство.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG