Достапни линкови

Новогодишни собирања и можност за ширење на грипот


Со новогодишните празници кога доаѓа до собирање на поголем број на луѓе, според здравствените работници поголема е можноста и за пренос на инфекции, особено грипот. Тие препорачуваат колку што е можно да се избегнуваат поголеми собири и да се биде на отворен простор.

Со претстојните празнични денови кои доагаат со повеќе собирања и присуство на луѓе на потесен простор, поголема е можноста и за пренос на инфекции особено за грипот. Препораката на лекарите е дека треба да се обрне внимание на овој момент и да се почитуаваат оние основни мерки кои се препорачуваа за заштита, а тоа е поголема лична хигиена особено во овој период на честитки и гушкања, нагласува др Јованка Костовска од Комисијата за пандемски грип:
Односно миење на раце, бидејќи во овие празнични денови имаме често бакнување, честитање, гушкање по можност избегнување на собири на затворено


,,Односно миење на раце, бидејќи во овие празнични денови имаме често бакнување, честитање, гушкање по можност избегнување на собири на затворено."

Како мерка да се забранат такви собирања не е препорачливо ниту во светот ниту нашата комисија тоа го препорача. Најбитно е при појава на симптоми односно доколклу се јави и прв симптом луѓето да не се лекуваат дома сами и да се јават кај својот матичен лекар и доколку знаат дека некој има заболен да не одат и да не контактираат. И др Светлана Грличкова вели дека многу големи собири носат поголема можност од инфекција и оти подобро е што повеке да се биде на воздух и да се зема витамизинирана храна:

,,Во суштина многу големите собири на луѓе се поголема можност за зараза, а вирозите си се вирози, дали е овој тип на грип или друг, тие се многу типични за овој период."

Во меѓувреме мислењето за вакцинацијата кај луѓето останува променливо. Еден период имаше зголемен интерес за вакцинација. Во овој период како што се намали бројот на заболени како и поради информациите за несакани ефекти интересот е многу намален. Др Костовска вели дека иако бројот на заболени се намали грипот сеуште го има:
Интересот е многу намален, сепак моја препорака е луѓето да се вакцинираат, затоа што грипот трае и ќе трае до март-април


,,Интересот е многу намален, сепак моја препорака е луѓето да се вакцинираат, затоа што грипот трае и ќе трае до март-април"

Марија Кишман од СЗО вели дека пандемската инфлуенца во светот продолажува со својата динамика, особено во југосточна Европа, а се забележува намалување на бројот на заболени во Соединетите Америакнски Држави:

,,Треба да се земе до голема претпазливост бидејќи можеби станува збор за намалено пријавување поради божиќните празници, така што оваа бројка ќе биде веродостојна дури за недела-две кога ќе ги видиме точните информации."

Кај нас ако претходните недели имавме по девет илјади заболени од грип за една недела, сега има околу пет илјади заболени седмично. Од почеток до сега се регистрирани 40 илјади заболени, а починаа 21 лице. Опсервацијата на клиничарите е дека и покрај лесното намалувње на бројот на заболени, купниот број на тешки и комплицирани случаи останува на истото ниво.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG