Достапни линкови

Охрид подготвен за најлудата ноќ


Охрид украсен ги очекува гостите за најлудата ноќ – ќе ги има ли годинава?
Охрид украсен ги очекува гостите за најлудата ноќ – ќе ги има ли годинава?

Охрид подготвен за дочекот на Нова година. Некои туристички работници ги демантираат информациите дека градот ќе остане празен и велат дека со пониски цени од лани се бара место плус.

Украсен во новогодишно руво, со голема елка со црвени сијалички во центарот, многу светлечки бродови низ целиот град, снешко белчовци и друг празничен декор, Охрид подготвено ги чека илјадниците гостите што најлудата ноќ ќе ја минат на крајбрежјето.
,Јас тврдам дека многу убаво ќе биде. Во Охрид се знае дека секогаш е најубав дочекот, градот ни е најубаво украсен, имаме најубав град.
Забавата на 31-ви ќе започне на пладне со хепенинг на градскиот плоштад за најмладите,а ќе кулминира вечерта кога таму со музичка програма организирана од општината под отворено небо ќе се одбројуваат последните минути до доаѓањето на 2010.

,,Јас тврдам дека многу убаво ќе биде. Во Охрид се знае дека секогаш е најубав дочекот, градот ни е најубаво украсен, имаме најубав град."

вели Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој е оптимист дека градот ќе е полн со гости. Некои од хотелите за Новогодишните празници ќе останат затворени, во други ќе има половична посетеност,но има и полни објекти.

,,Охрид ќе е преполн, имаше некои негативни оценки дека ќе е празен. Од прва рака ви кажувам се бара место плус, а најмногу гости ќе има од Ниш."
Охрид ќе е преполн, имаше некои негативни оценки дека ќе е празен. Од прва рака ви кажувам се бара место плус, а најмногу гости ќе има од Ниш

вели Ерхан Сулејманоски, сопственик на две кафулиња, ресторан и дискотека во Охрид, кој потврди дека празничните цени во неговите угостителски објекти се за 10 евра пониски од ланските.

,,Годинава се одлучив новогодишните празници да ги поминам во Охрид, ме намами убавото време. Очекувам убава забава, дека ќе се релаксираме неколку дена и дека одморени ќе се вратиме на обврските што не чекаат."

вели редовна гостинка во Охрид од Скопје, која забележува дека зимските цени во приватното сместување на ривиерата се повисоки од лани и се движат околу 10 евра за ноќевање.Тридневните аранжмани во хотелите се од 100 до 240 евра, а новогодишниот дочек чини од 20 до 70 евра. Атракција за гостите за новогодишните празници ќе бидат двете украсени подводни елки што во Охридското Езеро, кај Музејот на вода во Градиште и во изворите на Црн Дрим кај Свети Наум по седми пат ги поставија нуркачите од земјава.
XS
SM
MD
LG