Достапни линкови

Велес – Промени за решавање на хаосот во такси превозот


Советот на општина Велес изгласа одредба со која жолтата боја станува универзална боја за сите такси возила. Лиценцата за такси превоз наместо една отсега ќе важи четири години, а такси возилата ќе мора да имаат вградено воздушни перничиња. Таксистите се жалат и велат, немаме пари за леб, а не тераат да купиме возила со целосна опрема.

Хаосот во такси превозот ќе се решава со универзална боја на такси возилата. Оние кои ќе сакаат да се занимаваат со оваа дејност ќе мора да ги префарбаат автомобилите во жолта боја. Оваа одредба е резултат на изгласана Одлука на Советот на општина Велес.
Оваа предлог одлука за такси превозот е усогласување со одлуката од законот за авто такси корисниците, тоа е законска одлука кон која ние мораме да се прилагодуваме. Тоа значи дека досега се даваа лиценци за една година а сега ќе се издаваат за четири. Што се однесува за бојата, останува одлуката на претходниот Совет да бојата биде жолта

Но не само во бојата на автомобилите промени ќе има и при вадењето на лиценцата, наместо за една таа сега ќе важи четири години. Возилата со кои ќе се превезуваат патници според Одлуката ќе мора во себе да имаат вградено воздушни перничиња.

„Оваа предлог одлука за такси превозот е усогласување со одлуката од законот за авто такси корисниците, тоа е законска одлука кон која ние мораме да се прилагодуваме. Тоа значи дека досега се даваа лиценци за една година а сега ќе се издаваат за четири. Што се однесува за бојата, останува одлуката на претходниот Совет да бојата биде жолта“,

вели претседателот на Советот, Славчо Чадиев.

Она што ќе остане непроменето е бројот на лиценци.Од локалната самоуправа велат дека 250 лиценци или возила се доволни за велес и велешани.

Обврската за единствена боја на такси возилата е позната за таксистите. Тие очекуваат да се случи истото како и пред шест месеци одложување на Одлуката за универзална боја. Локалната самоуправа би требало да го пролонгира рокот, лошата економска состојба но и зголемената нелојална конкуренција си го направи своето, пари за фарбање на возилата немае, велат таксистите.

„Ништо нема да решат, немаме леб да јадеме, со кои пари, сега не тераат фул опрема да купиме, овие неможеме да ги продадеме, ништо секој вози и гледа прва прилика да најде друга работа и да избега“,
„Не би требало да го реши проблемот, дали ќе бидат жолти или бели не решава ништо, падната е работата, ова е само кршење на коли“,

велат анкетираните таксипревозници.
Велес нема градски автобуски превоз па затоа граѓаните честопати за превоз ги користат услугите на таксистите.На прашањето потребна ли е единствена боја на такси возилата граѓаните велат.

„Да сметам дека многу ќе олесни поради тоа што ќе се препознаваат по бојата, штом бојата е жолта нормално дека ќе биде легално такси“,
„Да секако дека е подобро за да се знае кој се легални“, велат анкетираните велешани.

Додека таксистите очекуваат пролонгирање на Одредбата за универзалната боја на такси возилата , регистрираните автолимарски сервиси очекуваат зголемена работа бидејки околу 220 возила треба да се префарбаат ако нивните сопственици планираат со оваа дејност да се занимаваат и по први јануари 2010 година.
XS
SM
MD
LG